Виктор Давидовски првиот Македонец на Европскиот ТЦР шампионат… (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски автомобилисти и повеќекратен државен шампион Виктор Давидовски го промовираше еден од 25-те автомобили од најновата генерација на Хонда Сивик ТЦР со кој ќе настапува на годинашните трки од Европскиот ТЦР шампионат.

На промоцијата на која беше одбележана и 20-годишнината од постоњето на ПСС Рејсинг тимот за кој вози Давидовски, преку ретроспективен приказ на неговите членови и најзначајни успеси во периодот 1998-2018, уште еднаш беше потенцирано значењето за македонскиот автомобилизам со настапот на ТЦР шампионатот меѓу самата европска елита.

Македонија конечно ќе има свој претставник на престижниот Европски ТЦР шампионат. Виктор Давидовски минатата година го освои и десеттиот шампионски пехар во својата кариера, па тој резултат дополнет и со одличниот настап на трката на издржливост, која се одржа на познатата Формула 1 патека, СПА Франкоршамп, во рамките на 24h TCE, едноставно го навестија следниот чекор за место и меѓу најдобрите европски автомобилист.

Сезоната во ТЦР шампионатот кој од оваа година е под закрила на ФИА и ЕЕЛ стартува со трките на 5. и 6. мај на патеката Ле Касталет во Франција, по што ќе следи на 20. и 21. мај трката во Холандија.

 

Се вчитува...