Виктор Ефремовски и следната сезона ќе ги брани боите на Гостивар откако денеска и официјално ја продолжи соработкта со „сино-белите“. Гостиварчанецот го засили тимот претходната сезона и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи, а ќе остане клучен дел од составот и во новата сезона.
Македонскиот репрезентативец на 32 одигани натпревари оствари просек од 12.6 поени, 4.3 скока и 3.2 асистенции со што беше четвртти најдобар поентер и втор најдобар асистент во тимот.
Гостивар кој во новата сезона ќе биде предводен од Љупчо Малинков претходно ја продолжи соработката и со Војче Лефкоски и браќата Димитиевски. Нови засилувања за клубот се Максим Митевски и Грузиецот Гиорги Корсантиа, а во следниот период потпис се очекува да стави и Андреј Маслинко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

