Македонскиот интернационалец Виктор Велкоски, зимава би можел да има нов клуб. Екипа од Кина е силно заинтересирана за македонскиот стопер, кој досега настапуваше за Туран од Казахстан, и би требало во следниот период трансферот да се реализира.
29-годишниот Велкоски оваа сезона е најстандарден во казахстанскиот тим. Одигра 23 натпревари во целата сезона и беше еден од најзаслужните што екипата и следната сезона ќе игра во прволгашката конкуренција.
Велкоски во минатото беше дел од Брегалница, Лачи, Вардар, Работнички, играше во Егинаикос, Победа, Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА