Крилото на Дарушафака, Вил Клајбурн е новото засилување на ЦСКА Москва. Американецот во следните две години ќе го носи дресот на „Армејците“.
Шампионот од ВТБ лигата го договори второто засилување за новата сезона, Лео Вестерман од Жалгирис Каунас беше првиот трансфер на рускиот клуб, а плејмејкерот потпиша двегодишен договор.
Клајбурн претходната сезона имаше солиден просек во Евролигата. Просечно постигнуваше 13 поени по натпревар, а при тоа забечежуваше по пет скока. На осум натпревари постигна 20 или повеќе поени, а натпреварувањето го заврши како шестти најдобар стрелец.
„Возбуден сум што ќе бидам дел од оваа организација. Овој клуб од секогаш бил меѓу најдобрите во Европа. Привилегија е да се носи овој дрес“, истакна Клајбурн.
По завршувањето на колеџот, Клајбурн кариерата ја продолжи во Германија, односно во Улм. Пред да потпише за Дарушафака, 27-годишното крило играше за Хапоел Холоп, каде постигнуваше скоро по 21 кош по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА