Вил Клајбурн е МВП на Ф4 во Евролига

Вил Клајбурн го доби признанието за најкорисен играч на завршниот турнир во кошаркарската Евролига кој се одржа во Виторија. Тој со ЦСКА Москва со победата над Анадолу Ефес ја освои титулата во елитното натпреварување. Во битката за трофејот, Клајбурн постигна 20 поени.

„Благодарен сум што сум овде, тренерот ми верува и тоа ми е многу важно. Заеднички одигравме, се одржавме заедно во сите 40 минути. Цела сезона имавме подеми и падови, но верувавме и затоа дојдовме до успехот“ – изјави Клајбурн по добивањето на признанието.

 

Се вчитува...