Вилалибре го одведе Билбао во четвртфиналето во „Купот на кралот“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетик Билбао се вторите учесници во четвртфиналето на националниот куп на Шпанија откако вечерва славеа на домашен терен против Депортиво Алавес со 2-0.

Херој за домаќините беше Асиер Вилалибре кој беше стрелец на двата гола за својот тим. Првиот гол на Вилалибре во 28. минута за водство од 1-0 беше веројатно најубавиот погодок кој го постигнал фудбалер на Баскијците оваа сезона, додека конечните 2-0 ги постави истиот фудбалер во 60. минута.

 

44a4bxedxPwGQtSnEzGzdejnCdtrDJqkJ6uqWwGbXmdx5zrjGdHivmr9pyd7x8rVQMgumwGPCfuwseieCg8tuN5jNNeMJPU

Се вчитува...