Виландер: Сервисот на Кирјос му е единствена шанса против Ѓоковиќ

Поранешниот шведски тенисер Матс Виландер, за „Еуроспорт“ изјави дека Австралиецот Ник Кријос во финалето има шанси да го совлада Новак Ѓоковиќ само доколку има одличен сервис.

Швеѓанецот, кој сега работи како аналитичар на „Еуроспорт“, никогаш во кариерата го нема освоено трофејот на Вимблдон, иако има седум грен-слем трофеи.

„Очигледно дека Ѓоковиќ е фаворит на хартија, но Кирјос можеби сервира најдобро уште од времето на Пит Сампрас. Тешко е да се верува дека Новак ќе може да ги врати голем дел од тие сервиси, но тоа е Новак Ѓоковиќ. Мислам дека се ќе зависи од сервисот на Кирјос. Ако сервира добро, ќе има шанси. Игра на основна линија ќе биде тешка за него. Новак е фаворит, а сакам Кирјос да одигра добро и да гледаме големо финале на Вимлбдон“, рече Виландер. 

Се вчитува...