Фудбалерите на Виљареал дојдоа до седмиот триумф во 11-тиот натпревар од сезоната, совладувајќи го тимот на Рајо Ваљекано со убедливи 4-0. Така „жолтата подморница“ сега се искачи на второто место на табелата, зад Реал Мадрид.
Џерард Морено во 22. минута прв ја начна мрежата на гостинската екипа. Во 56. минута Молеиро зголеми на 2-0, а две минути подоцна целосен „распад“ на Рајо, и трет гол за Виљареал преку Комесана.
Во 65. минута Ајозе Перез зголеми на 4-0 што беше и конечниот резултат на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

