Виљареал со пресврт го „потопи“ Бетис

Иако два пати губеше, Виљареал на крајот стигна до сите три бода на гостувањето кај Бетис. „Жолтата подморница“ го најде рецептот, и славеше со 2-3, иако губеше и со 1-0 и со 2-1 во првиот дел.

Родригез носи домашна радост во 30 минута, предност која ја „поништи“ Баена во 40. минута. Во судиското надополнување Вилијам Жозе носи нова радост за домашните фанови.

Само што почна вториот дел, Папастатопулос си постигна автогол за 2-2, а Сорлот во 67. минута го донесе пресвртот за Виљареал.

Двата тима останаа со 10 играчи на терен откако во 70. минута црвени картони добија Морено и Авила.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...