Вилфред Заха на позајмица во Лион

Фудбалерот на Галатасарај, Вилфред Заха е на чекор од преселба во Лион. Според добро информираниот новинар Дејвид Орнштајн, Заха наскоро би требало да пристигне во Лион на позајмица.

Францускиот тим нема да му исплати обештетување на Галатасарај за едногодишната позајмица, туку ќе преземе поголем дел од неговите приходи кои се 7,5 милиони евра годишно.

Заха минатото лето после осум години го напушти Кристал Палас. Тоа беше клубот во кој порасна, а кратко време беше во Манчестер Јунајтед и на уште неколку позајмици. Во Галатасарај пристигна како слободен играч, но не ги оправда очекувањата. На 42 натпревари во сите натпреварувања постигна 10 гола и забележа пет асистенции.

Се вчитува...