Шпанскиот кошаркар Вили Хернангомез се повеќе размислува за враќање во европската кошарка. Њу Орлеанс ја одби тимската опција како би можела да го задржи МВП-то од претходниот Евробаскет во своите редови, па 29-годишниот кошаркар ќе може без ограничување да го бира својот нов клуб.
За Хернангомез постои интерес од неколку европски клубови, но прв на листата за негова нова дестинација е Панатинаикос на чија клупа е Ергин Атаман кој сака да го види во своите редови. „Зелените“ летово не жалат пари за да состават шампионски тим, а шпанскиот ас дефинитивно би помогнал во остварување на таа цел.
Покрај Панатинаикос, за неговите услуги се заинтересирани и Фенербахче и Реал Мадрид. Пред Њу Орлеанс тој играше и за Шарлот и за Њујорк во НБА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА