Вилијам Карвалјо пред трансфер во Бетис

Португалскиот репрезентативец Вилијам Карвалјо го напушта Спортинг Лисабон и се сели во Примера. Тој треба да биде нов член на шпанскиот прволигаш Бетис. Како што информира португалскиот „Рекорд“, трансферот ќе биде вреден 20 милиони евра.

Во трка за Карвалјо беа и англискиот премиерлигаш Вест хем и италијанскиот калчолигаш Интер, но очигледно дека раководството на Бетис реагираше најбрзо. Ново засилување на Бетис е и Серхио Каналес од Реал Сосиедад.

Се вчитува...