Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс говореше за моменталната ситуација во тенисот и рекордот на Новак Ѓоковиќ од 24 освоени грендслем титули.
И покрај тоа што се чини дека истиот е невозможно да се надмине, Вилијамс смета дека Карлос Алкараз, младиот 22-годишен шпански тенисер има шанса да го престигне и овој број.
„Во овој момент се е можно. Кога Федерер започна да се искачува на скалата никој не веруваше дека може да го надмине рекордот на Сампрас од 14 титули. После Надал го надмина него, а Ѓоковиќ и двајцата. Карлос е многу млад, има големи ривали, но јасно е дека се е можно. Реркодите служат за надминување“, изјави Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

