Вилијамс: Не се занимавав со понудите, моето срце е со Атлетик

Фудбалерот на Атлетик Билбао и репрезентативец на Шпанија Нико Вилијамс изјави дека е пресреќен што одбил бројни понуди и останал во баскискиот клуб.

Вилијамс (22) е член на Атлетик од 2020 година, а за првиот тим на овој клуб одигра 124 натпревари и постигна 20 голови.

Се истакна на Европското првенство кога ја освои титулата со својата Шпанија. За него беа заинтересирани многу великани, но тој реши да остане во Атлетико.

– Имаше понуди од бројни клубови, со нив се занимаваше мојот менаџер. Моето срце е со Атлетик. Имам договор, но кој знае што ќе се случи во иднина. Сакав да останам овде, бидејќи најмногу ги чекам натпреварите од Лига Европа во дресот на мојот клуб – изјави Вилијамс

Се вчитува...