Бразилецот Вилијан со гол во 85. минута го спаси од пораз Челси на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд“ во 13. коло од Премиер лигата.
„Црвените“ дојдоа до предност со погодокот на Салах во 65. минута. Египетскиот репрезентативец притоа не го славеше погодокот за Ливерпул, на тој начин искажувајќи сочувство со своите сонародници поради жртвите од терористичкиот напад во џамија во Египет…
Но, радостa на Ливерпул беше скратена на пет минути пред крајот кога Вилијан израмни на 1-1 носејќи бод за „сините“.
По овој бод Челси остана на третата позиција со 26 бода, три помалку од второпласираниот Манчестер јунајтед. Ливерпул, пак, со 23 бода е на 5. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА