Новиот менаџер на Челси, Маурицио Сари, сака да го засили својот тим со нов напаѓач во последните денови од летниот преоден рок, пред стартот на Премиер – лигата. Тој му „фрли око“ на Вилијан Хозе, бразилскиот интернационалец од редовите на Реал Сосиедад. Го запамети и македонската спортска јавност, откако ја полнеше мрежата на Вардар во Лигата на Европа минатата сезона.
Сари сака да се обезбеди од евентуално заминување на Еден Азар во Реал Мадрид. Бразилецот Вилијан Хозе има откупна клаузула од 65 милиони евра, а тоа и не е превисока сума за Челси.
26-годишниот Вилијан Хозе дојде во Реал Мадрид од Лас Палмас во 2016 година и постигна 34 гола на 74 мечеви во дресот на тимот од „Аноета“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА