Вилијан ја наследи „десетката“ на Азар

Англискиот премиерлигаш Челси ги објави броевите на дресовите на фудбалерите за новата сезона. Единствената важна промена од минатиот шампионат е тоа што „десетката“ која ја носеше сега новата ѕвезда на Реал Мадрид, Еден Азар, сега ќе му припадне на Вилијан.

Бразилецот минатата година го носеше дресот со број „22“. Бидејќи лондонскиот клуб има забрана за трансфери летово не пристигна ниту еден фудбалер, освен тие што беа испратени на позајмица.

 

Се вчитува...