Вест Хем оствари важен триумф во борбата за опстанок во Премиер – лигата совладувајќи го Челси со 3-2 на домашен терен. Сега „чеканите“ со 30 бода се одлепија од опасната зона на табелата, додека Челси со овој пораз го загрози четвртото место кое води во Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед има само два бода негатива.
Вилијан од пенал донесе водство за Челси во 42.минута, но Вест Хем израмни пред одморот со голот на Томас Соучек.
Мајкл Антонио на стартот на вториот дел се погрижи за пресврт, Вилијан повторно израмни во 72.минута со прекрасен гол од слободен удар, а Андриј Јармоленко беше факторот на одлука во 90.минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

