Жозе Мурињо минатото лето го доведе од Челси српскиот интернационалец Немања Матиќ, а лесно може да се случи „специјалниот“ летово да ангажира уште еден свој поранешен фудбалер во Манчестер јунајтед. Станува збор за Бразилецот Вилијан, кој лани беше меѓу најдобрите поединци во таборот на лондонскиот клуб, но сега и самиот фудбалер сериозно размислува за заминување од „Стемфорд бриџ“ и преселба во Манчестер кај Мурињо, со кого имаше и беспрекорна соработка во Челси.
Фактот дека „ѓаволите“ ќе играат во ЛШ, а Челси само во Лигата на Европа сигурно е мотив повеќе за Вилијан да инсистира на трансфер. Манчестер јунајтед веќе има подготвено понуда од 65 милиони фунти, се со цел со доаѓањето на Бразилецот уште повеќе да ја засили офанзивната линија, која ќе функционира со Лукаку како најистурен во нападот.
Челси веќе одби две понуди на Барселона за истиот фудбалер, но останува да се види дали „сините“ ќе го променат ставот откако во меѓувреме се смени и ситуацијата на Еден Азар, кој е пред останување во Лондон по прекинот на преговорите со Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА