Вилјареал доби нов тренер

Шпанскиот фудбалски тренер Хозе Рохо Мартин Пачета, е новиот шеф на стручниот штаб на прволигашот Вилјареал.

Вд 2021 година, Пачета седна на клупата на Валјадолид, а во април доби отказ од овој тим. Валјадолид испадна во втората лига во последното коло од минатата сезона.

„Пачета ќе го одржи својот прв тренинг во понеделник попладне“, соопштија од клубот, кој во вторникот го отпушти Кике Сетиен, по трите порази во првите четири кола од Примера.

55-годишниот Шпанец беше тренер на Елче од 2018 до 2020 година, со кој од третата лига успеа да влезе во највисокиот ранг на шпанскиот фудбал.

Се вчитува...