Унаи Емери вчера си замина од Вилјареал, и ја прифати понудата од Астон Вила, со што „жолтата подморница“ доби отштета од 6 милиони долари.
Така Вилјареал требаше да бара нов тренер, и експресно го најде. Станува збор за Кике Сетиен кој беше на клупата на Барселона, а доби отказ после катастрофалниот пораз од Баерн Минхен во ЛШ од 8-2.
Две години беше без ангажман, а кога го ангажираа во Барселона, тогаш рече: „Од фарма ме викнаа да ја водам Барселона“.
Сетиен потпиша договор до крајот на сезоната, со можност истиот да биде продолжен уште една.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

