Манчестер јунајтед и Вилјареал ќе играат во финалето од Лигата на Европа, откако успешно ги минаа реванш полуфиналните дуели во второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Вилјареал го преживеа Лондон, по триумфот од 2-1 на домашен терен против Арсенал. На реваншот шпанскиот тим успеа да издржи меч без голови против „топчиите“ доволен за пласман во финалето.
Рома, пак, запиша пирова победа од 3-2 против Манчестер јунајтед. По онаа прва победа од 6-2 на „црвените ѓаволи“ јасно беше во голема мера кој ќе игра финале.
Манчестер јунајтед поведе на реваншот во Рим со голот на Кавани во 39. минута.
Но, со головите на Џеко во 57. минута и Кристанте во 60. минута „волчицата“ дојде до пресврт. Откако израмни Кавани со својот втор гол, Залевски во 83. минута ги постави конечните 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА