Вилјареал го „шутна“ Кике Сетиен

Кике Сетиен повеќе не е тренер на Вилјареал откако екс-стратегот на Барселона доби отказ од клубот по слабиот старт на сезоната. „Жолтата подморница“ освои само три бода по првите четири кола од Ла Лига, што резултираше со тренерска смена за време на оваа репрезентативна пауза.

Тој дојде на чело на Вилјареал по преселбата на Унаи Емери во Астон Вила, успеа да обезбеди пласман во Лигата на Европа, но на крајот ја плати целата за слабиот старт на сезоната.

„Сакаме да објавиме дека тренерот на првата екипа, Кике Сетиен, повеќе не е дел од клубот. Му благодариме за посветеноста и професионализмот, што ни помогна во тежок момент од ланската сезона, но резултатите од последните натпревари придонесоа да се решиме за промена на кормилото“, се вели во соопштението на Вилјареал.

Шпанските медиуми најавуваат дека главен фаворит за нов тренер на оваа екипа е Хулен Лопетеги, кој минатиот месец си замина од кормилото на Вулверхемптон пред самиот старт на премиерлигашката сезона.

Се вчитува...