Валенсија стигна до значајни бодови во битката за опстанок ремизирајќи со 1-1 на гостувањето кај Вилареал во 24. коло од шпанското првенство.
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски натпреварот го проследи од клупата за резерви.
Натпреварот го отвори Гаје со гол во 32. минута, а предноста на домаќините траеше се до 84. минута кога Садик изедначи на 1-1.
За Вилјареал тоа е 41. бод во сезоната, додека Валенсија го освои 23. со кој се искачи на 17. позиција.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

