Вилјареал им се врати на победите во Ла Лига

Вилјареал стигна до шесттата победа во шпанското првенство откако триумфираше на гостувањето кај Ваљадолид со 1-2. Со тоа воедно стави и крај на серијата од два натпревари без победа.

Натпреварот го отвори Бери со гол во 29. минута, а изедначи Сила од пенал во 60. минута. Конечните 1-2 ги постави Перез во 84. минута.

Со тоа Вилјареал се искачи на третата позиција на табелата, со бод повеќе од Атлетико Мадрид кој сепак има и натпревар помалку.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...