Вилјареал денес останува без тренер откако му даде отказ на Фран Ескриба, по само шест кола во шпанското првенство во новата сезона. Шпанскиот прволигаш за нов предводник го назначи Хавиер Калјеха, тренерот кој беше задолжен за Б тимот на Вилјареал.
Вчерашниот пораз од 4-0 против екипата на Хетафе значеше крај на Ескриба, под негово водство „жолтата подморница“ е на 14. место на табелата со седум освоени бодови од шест натпревари, што е многу малку за тимот кој лани заврши како петтопласирана екипа во Ла Лига, иако ова е само почеток на новата сезона.
„Раководството на Вилјареал одлучи да ја прекине соработката со тренерот на првиот тим, Фран Ексриба. Голема благодарност за неговото максимално посветување на клубот во неговиот престој, и му посакуваме се најдобро во иднина“, стои во соопштението на Вилјареал.
Вилјареал се натпреварува и во Европа лигата, каде по првото коло ги забележа првите бодови со победата над Астана од 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА