Вилјареал нема да го откупи Карлос Бака, напаѓачот на Милан кој сезонава игра во редовите на „жолтата подморница“ како позајмен играч. Шпанскиот клуб првично ги прифати условите на Милан околу неговата позајмица, по крајот на оваа сезона да бидат исплатени 18 милиони евра на калчолигашот за услугите на Бака, цена која раководството на Вилјареал сега не сака да ја плати.
Колумбискиот голгетер одлично се снаоѓа во клубот, досега на 35 натпревари постигна 12 погодоци, но раководството на Вилјареал пред се, ќе се откаже од него бидејќи сметаат дека цената е висока. Не сакаат да платат 18 милиони евра за фудбалер кој од следната сезона ќе има 32 години. Италијанските медиуми пак, сметаат дека на овој начин Шпанците се обидуваат да ја намалат цената, но тоа се веќе шпекулации.
Иако Вилјареал ја наполни касата со продажбата на Бакамбу во Кина, нема да брзаат со трошење на средствата за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА