Вилјареал повторно го смени тренерот

Раководството на Вилјареал никако да најде стабилен тренер по заминувањето на Унаи Емери. Така „жолтата подморница“ остана без тренер откако тимот се одлучи да ја прекине соработката со Хозе Рохо Мартин Пачета кој беше отпуштен само еден ден по победата над Макаби Хаифа и во пресрет на гостувањето во Мадрид кај Атлетико.

55-годишниот тренер на оваа функција беше само два месеци, откако го наследи искусниот Кике Сетиен.

Фаворит за клупата на шпанскиот тим е Марселино Гарсија Торал. Вилјареал во моментов се наоѓа на 13. место во Ла Лига со 12 бода. Со Пачета тимот дојде до пет победи, три ремија и четири порази во сите натпреварувања.

Се вчитува...