Вилјареал реди победи во Ла Лига, „сефте“ за Алмерија

Вилјареал конечно почна да игра во посакуваната форма откако Марселињо дојде на клупата на „жолтата подморница“, па овој тим вечерва славеше над Валенсија со 1-0 за своја четврта победа во низа во Ла Лига, прва ваква серија сезонава за доскорешниот учесник во Лигата на Европа.

Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека Вилјареал беше подобар тим и во првото полувреме во кое домаќините не искористија и пенал преку Баења. Добрата игра сепак беше наградена во вториот дел, кога Куенка најдобро се снајде во една мешаница и успеа да го најде патот до мрежата.

Алмерија во 29. коло стигна до првата победа во Ла Лига сезонава откако „фенерџијата“ славеше на гостувањето против Лас Палмас со 0-1 со голот на Баптистао.

Се вчитува...