Вилјареал ја продолжи битката за висок пласман откако во 10. коло на Ла Лига славеше со 0-2 на дерби гостувањето кај Валенсија.
До триумф гостите ги предводеа Морено кој реализираше пенал во 45. минута и Комесана кој ја затресе мрежата во 57. минута од средбата.
Со новите три бода Вилјареал останува во битка за првата позиција на табелата со 20 освоени бодови, четири помалку од лидерот Реал Мадрид, но и натпревар повеќе. Валенсија пак повторно е при дното на табелата со само девет освоени бодови.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

