Вилјареал со еден гол до три бода

Вилјареал стигна до првата овосезонска победа во Ла Лига откако „жолтата подморница“ во тежок и неизвесен натпревар славеше на гостувањето против Мајорка со 0-1.

Првиот дел донесе затворен и неинтересен фудбал, а единствениот погодок беше постигнат во 62. минута, кога по една мешаница по корнер од десната страна голманот на Мајорка кратко ја одби топката, но на неа налета Морено и од еден метар ја смести во мрежата.

Домаќините се обидоа да израмнат, ја отворија играта, но „подморницата“ го издржа притисокот во завршните петнаесетина минути и стигна до трите бода на ова незгодно гостување.

Се вчитува...