Леванте, тимот на Енис Барди, во последните мигови од мечот испушти победа на гостувањето против Вилјареал, играјќи 1-1. По четири последовни победи, Леванте е сопрен и ремизираше на „Естадио де ла Керамика“.
Македонскиот репрезентативец беше стартер и го одигра целиот меч за Леванте, добивајќи и жолт картон во 78.минута. Леванте поведе со автоголот на Рамиро Мори во 77.минута, а израмни Алфонсо во третата минута од судиското продолжение на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА