Вилјареал врати добро познато лице во „жолтата подморница“

Вилјареал го засили средниот ред потпишувајќи договор со Денис Суарез, 29-годишниот фудбалер за врска кој пристигнува од редовите на Селта Виго. Овој играч некогаш важеше за еден од најталентираните во Шпанија на својата позиција, но во последните две години имаше пад во формата во Селта. Тој последната полусезона ја мина на позајмица во Еспањол, а откако оваа екипа испадна од Ла Лига, Суарез како слободен играч се приклучи на „жолтата подморица“.

Навивачите на Вилјареал се надеваат дека тој ќе потсети на своите најдобри денови, минати токму во дресо тна овој клуб. Имено, Денис Суарез настапуваше за Вилјареал во сезоната 2015/16, тогаш на позајмица од Севилја, при што забележа пет гола и 13 асистенции, со што даде значаен придонес во пласманот до полуфиналето од Лигата на Европа, како и освоеното четврто место во Ла Лига.

Како што информираат од шпанскиот клуб, со Денис Суарез е потпишан тригодишен договор и тој ќе се појави на самиот старт на подготовките за новата сезона, што тренерот Кике Санчез Флорес ги закажа за 8 јули.

Се вчитува...