Вилјареал за половина час ја „реши“ Селта Виго (ВИДЕО)

На Вилјареал му беа потребни само половина час да стигне до убедлив триумф на гостувањето кај Селта Виго од 0-4. Се што видовме на мечот беше во првите 30 минути во кои гостите дури четири пати го матираа голот на Селта Виго.

Прво Морено во 5. минута донесе водство од 1-0. На 2-0 зголеми Морено во 14, а само пет минути подоцна со голот на Парехо беше веќе 0-3. Конечните 0-4 ги постави Нино во 31. минута. Со триумфот Вилјареал изби на третата позиција на табелата со 32 бода, еден повеќе од четвртата Барселона, но и натпревар повеќе. Селта Виго останува осма со 23 бода.

 

 

 

 

Се вчитува...