Англискиот фудбалер Џек Вилшир стави крај на фудбалската кариера на 30-годишна возраст. На фудбалерот од средниот ред му се предвидуваше блескава кариера, но честите повреди го спречија да го покаже целиот потенцијал и го принудија на рано заминување од зелениот терен.
Вилшир професионалната кариера ја започна во Арсенал во 2008 и десет години го носеше дресот на „топџиите“. Во 2018 година премина во редовите на Вест Хем, во 2021 го облече дресот на Борнмут, а последен клуб чии бои ги бранеше беше данскиот Архус.
„Денеска објавувам пензионирање од професионалниот фудбал. Тоа беше едно неверојатно патишествие исполнето со многу чудесни моменти и се чувствувам привилигиран што можев да искусам се што доживеав во кариерата. Од шутирање на топката во мојот двор на мали нозе до предводење на мојот сакан Арсенал и настап во дресот на репрезентацијата на Светско првенство. Го живеев мојот сон“, напиша меѓудругото Вилшир.
I’ve lived my dream. Thank you all ❤️ pic.twitter.com/rB5gnyyUlK
— Jack Wilshere (@JackWilshere) July 8, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

