Џек Вилшир ги менува клупските бои, но не и градот каде ќе игра и живее и во следните неколку сезони. Фудбалерот за врска си заминува од Арсенал откако не ја прифати понудата за нов договор, а негов нов клуб ќе биде Вест хем предводен од Мануел Пелегрини.
Поранешниот стратег на Манчестер сити и на Реал Мадрид беше во потрага по квалитетен плејмејкер, не успеа во намерата да го доведе Пасторе, па на крајот целото свое внимание го насочи кон Вилшир. Британските медиуми објавија дека фудбалерот веќе ги минал и лекарските прегледи, а официјалната промоција ќе се случи в понеделник.
Вишир ќе потпише тригодишен договор со „чеканите“ за плата од 100.000 фунти неделно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА