Вилшир потпиша за дански Архус

Поранешниот играч на Арсенал, Џек Вилшир е нов играч на данскиот тим Архус. Тој потпиша договор со овој тим до крајот на сезоната.

Вилшир во минатото беше еден од најдобрите англиски играчи од средниот ред во Премиер-лигата. Беше незаменлив додека играше за Арсенал, а тоа му донесе и повик во националниот тим на Англија за кој одигра 34 натпревари. Играше и за помладите селекции на „Гордиот Албион“.

Вилшир после Арсенал играше за Вест Хем и Брунмут, но не можеше да му дојде крајот на падот во неговата кариера, а сега ќе се обиде да ја оживее во Данска. Тој откако остана без клуб лани, тренираше со Арсенал, во тимот во кој беше цели 17 години, но „топчиите“ не му дадоа перманентен договор, и покрај тоа имаше информација дека ќе биде регистриран и ќе помогне по отсуствата на неколк играчи.

Се вчитува...