Велс и Македонија утре од 20 часот и 45 минути ќе го одиграат одлучувачкиот натпревар за втората позиција во групата која носи бараж за пласман на Светското првенство.
Пред натпреварот за медиумите говореше Хари Вилсон за кој дополнителен мотив ќе биде носењето на капитенската лента.
„Тоа е голема чест за мене. Се чувствувам како еден од поискусните играчи и можноста утре да ја предводам мојата земја е нешто кон што со нетрпение гледам. Влегуваме во секој натпревар со намера да победиме, а навистина ја сакаме втората позиција во групата. Знаеме колку е важно да се триумфира за да се игра дома во првиот бараж-дуел, особено затоа што сите знаат колку сме силни на домашен терен со навивачите зад нас. Со бројот на настапи што ги имам и големите натпревари во кои сум играл, сакам да мислам дека сум еден од лидерите во оваа група. Сега е на мене да го предводам тимот и да ги насочам на вистинскиот начин за да ја освоиме победата“, изјави Вилсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

