Вилсон од Пелситер е МВП на 11. коло во Суперлигата

Кошаркарот на Пелситер, Ленгстон Вилсон е најкорисниот кошаркар на 11. коло кое е последно во 2025 година на прволигашката сцена.

Американецот натпревар против Кожув го заврши со „дабл-дабл“ учинок од 24 поени и 16 скокови за индекс на корисност од 33.

Во петорката на колото место има и за: Урош Луковиќ, Бизмарк Ниах, Роберт Рикиќ и Андреј Магдевски.

Се вчитува...