Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс е казнета со 10.000 долари поради тоа што ја оштетила тревата на еден од терените на „Ол ингланд“ клубот пред почетокот на Вимблдон, соопштија организаторите. Американката во текот на тренингот удрила со рекетот, притоа уништувајќи ја подлогата.
Поради непримерно однесување во првото и второто коло Ник Кирјос ќе мора да плати 8.000 долари. Австралиецот изгуби од Рафаел Надал во второто коло, по што призна дека намерно го удрил со топчето Шпанецот.
Парично е казнет и Фабио Фоњини поради неспортското однесување на мечот од третото коло против Тенис Сандгрен. Италијанецот ќе мора да плати 3.000 долари откако изрази желба бомба да експлодира во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА