Енди Мареј стартуваше фуриозно на Вимблдон победувајќи во првото коло против Александер Бублик од Казахстан со 6-1,6-4,6-2.
Бранителот на титулата максимално сигурно го започна најпрестижниот турнир во светот, за еден час и 46 минути успевајќи да дојде до победата. Во следната рунда натпревари ќе се сретне со Дастин Браун кој славеше против Жао Сооуза на стартот.
А, Вимблдон почна со откажувањето на контроверзниот Ник Киргиос кој се мачеше да му парира на Французинот Пјер Ербер, но го предаде мечот откако губеше во првите два сета со 3-6,4-6.
Австралиецот тешко се движеше по теренот, па по повредата на левиот колк и консултациите со лекарот одлучи да се откаже.
Мечот поради повреда го предаде и Виктор Троицки против Германецот Мајер. Експресно во следната рунда натпревари се пласираа и Цонга и Нишикори.
На женскиот турнир пласман во следната рунда натпревари обезбедија Венус Вилијамс, Халеп, Скјавоне, Киз и Џорџи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА