Вимблдон потврди: Надал ќе биде трет носител

Рафаел Надал кој е на второто место на АТП листата веднаш зад Новак Ѓоковиќ сепак ќе биде трет носител на Вимблдон, потврди денеска организаторот на турнирот. Лидерот на светскиот ранкинг и бранител на трофејот ќе биде прворангиран, зад него е Роџер Федерер. Ова значи дека Надал многу поверојатно ќе се најде во половината од ждребот со Ѓоковиќ и би имал потенцијален дуел со него во полуфиналето.

На женскиот дел од носителската листа се совпаѓа со ВТА ранкингот. Прва е Барти, па Осака, па потоа Плишкова. Рангирањето на Вимблдон е поинакво во однос на останатите грен-слем турнири и не секогаш го отсликува светскиот ранкинг, туку е под најголемо влијание на резултатите што тенисерите ги имаат на трева.

Уште во претходните денови Надал реагираше на најавите дека ќе биде трет носител велејќи дека Вимблдон е не фер.

 

Се вчитува...