Вимблдон повторно го заборави Новак Ѓоковиќ

Се крена голема прашина за промотивниот материјал на Вимблдон на кој не се најдоа минатогодишните шампиони.

Новак Ѓоковиќ и Елена Рибакина триумфираа во 2022 година на терените на „Ол Ингланд“ клубот, а на промотивниот материјал се најдоа други тенисери.

Карлос Алкараз, Роџер Федерер, Бјорн Борг, Коко Гоф, Серена Вилијамс и Штефи Граф е најдоа на банерот кој го најави третиот гранд-слем во сезоната.

Седумкратниот шампион, кој има серија од 28 победи во Лондон, секако заслужи многу повеќе. Организаторите се потрудија малку да се „исперат“, нагласувајќи дека колку се приближува турнирот, толку повеќе внимание ќе добива Новак.

Кога се приближувате до влезот број 5, кој е еден од главните, го гледате „спорниот“ плакат, а потоа и на самиот влез во комплексот. Се чини дека Вимблдон ги замолкна критиките од заедницата само на интернет со нов промотивен материјал на кој се наоѓа и Новак.

На терените, очигледно, се остана исто, не се знае од кои причини. Дали намерно или едноставно на организаторот не му беше исплатливо да менува се.

Се вчитува...