Вимблдон заврши на првата светска тенисерка Ешли Барти, елиминирана од Алисон Риск

Американката Алисон Риск со подвиг ја отвори втората седмица на Вимблдон елиминирајќи ја првата носителка и лидерка на ВТА листата, Ешли Барти. Риск го доби мечот од осминафиналето со три сета откако го загуби воведниот сет со 6-3, следните два го доби со 6-2 и со 6-3.

Пласманот во четвртфиналето е најголему успех на Вимблдон во досегашната кариера на Риске. Таа досега има два ВТА титули. во четвртфиналето за противничка ја чека победничката од дуелот меѓу Серена Вилијамс и Карла Суарез Наваро. Риск е 55. на светскиот ранкинг.

Барти останува без шансата за нов грен-слем успех, таа ја освои титулата на годинашното издание на Ролан Гарос.

 

 

Се вчитува...