Винисиус бесен: Ова не смее да ни се случува на една година пред СП

Бразилците оптимистички најавуваат атак на златото на претстојниот мундијал, но реалноста е сосема поинаква – игрите и резултатите на „кариоките“ се под нивото на најтрофејната светска репрезентација.

Дното беше допрено со последното фијаско во дуелот со вечниот ривал Аргентина што Бразилците го загубија со 4-1, иако „гаучосите“ настапија без неколку стандардни првотимци предводени од Лео Меси. Винисиус не го криеше разочарувањето од ваквиот исход на големото јужноамериканско дерби, по што најдобриот бразилски фудбалер јасно стави до знаење дека мора што поскоро да се извлечат поуки, за вакво нешто да не им се повтори.

„Мораме да почнеме да размислуваме одново, буквално за се поврзано со репрезентацијата. Денеска се вративме во соблекувалната и немавме што да си кажеме. Мораме да размислиме, што направивме на теренот, зошто игравме толку слабо, а Аргентинците беа толку подобри од нас. Потребни се промени, и тоа брзо, ова не смее да ни се случува на една година пред СП. Веќе имам играно на еден мундијал и имам загубено, не сакам тоа да ми се повтори“, истакна Винисиус.

Се вчитува...