Винисиус е херојот на Бразил: Гол во 99. минута за триумф над Колумбија (ВИДЕО)

Бразил е вееќе блиску до пласманот на Мундијалот 2026 по синоќешната победа против Колумбија од 2-1 на домашен терен.

Рафиња го отвори резултатот, а Луис Диаз пред крајот на првото полувреме израмни на 1-1. Но, победата на „кариоките“ дојде во 99. минута кога Винисиус стрелаше за 2-1.

Со оваа победа Бразил изби на второто место на табелата во јужноамериканските квалификации со 21 бода, четири помалку од лидерот Аргентина, но големи осум повеќе од седмопласираната Боловија, на пет кола пред крајот на циклусот.

Сега Бразилците ги чека дуелот против светскиот шампион Аргентина како гостин, а натпреварот се игра в среда рано наутро по средноевропско време.

Во останатите синоќешни натпревари Парагвај славеше против Чиле со 1-0, Бразил ја совлада Колумбија со 2-1, а Перу беше подобар од Боливија со 3-1.

Се вчитува...