„Винисиус е одличен играч, но цело време бара внимание“

Винисиус Јуниор поторно го сврте вниманието кон себе со однесувањето на натпреварот со Леганес, откако падна театрално во 38. минута од средбата, и доби слободен удар од страна на судиите.

Поранешниот шпански селектор Хавиер Клементе, го коментираше односот на Бразилецот во последно време.

„Би сакал да не биде толку бесен кога е на теренот. Тој е одличен играч, но се расправа со противникот, со публиката, со судијата, со мојата сестра“, рече Клементе, кој за случаите во расизмот рече:

„Мислам дека не е проблем со бојата на кожата. Ние не сме расистичка земја, тоа е јасно. Туку она што го бара е внимание, но тоа не е добро за него“, изјави поранешниот шпански селектор.

Се вчитува...