Винисиус: Фала им на сите што мислат дека јас треба да ја освојам „Златнта копачка“, но …

Карим Бензема и Винисиус Жуниор формираа перфектно дуо во ова сезона, двојка која „експлодираше“ во оваа сезона каде Реал Мадрид триумфира во Примера, Лигата на шампионите и Супер Купот на Шпанија.

Овие двајца одиграа огромна улога во остварување на овие успеси, па нивните имиња дефинитивно се во најтесен круг за освојување на „Златната топка“ особено Карим Бензема.

Пред некое време Нејмар посочи дека Винисиус Жуниор треба да ја освои најголемото индивидуално признание во светот на фудбалот, но членот на Реал му се заблагодари и притоа порача дека Карим е човекот кој бил многу подобар сезонава.

„Морам да се заблагодарам, навистина сум среќен што Нејмар рече дека треба да ја освојам Златната топка, но според мене Бензема тоа повеќе го заслужува. Карим исто така се шегува со мене дека сака да слави против Бразил во финалето на Светското првенство, но нема шанси тоа да се случи“, рече Винисиус.

Франција е бранител на трофејот и еден од фаворитите, но во таа група се и „кариоките“ кои сакаат да ја освојат шестата титула.

Се вчитува...