Преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус се прекинати околу продолжувањето на неговиот договор, бидејќи Бразилецот бара неговата плата да биде еднаква со платата на Мбапе.
Пред неколку месеци, заминувањето на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид беше незамисливо, но сега ситуацијата драстично се промени.
Во последните неколку сезони, Винисиус е најдобриот играч на Реал Мадрид, клуб со кој освои бројни трофеи, вклучувајќи две Лиги на шампиони и три титули во шпанското првенство.
Во последните години, тој го доби статусот на прва ѕвезда на тимот, но со доаѓањето на Килијан Мбапе, тој падна во втор план и тоа воопшто не му се допаѓа.
Винисиус има договор со Реал Мадрид до 2027 година, а клубот претходно покрена иницијатива за продолжување на неговиот договор, но иако јавно изјави дека сака да продолжи да пишува историја со Реал Мадрид, потпишувањето не се случи.
Според бројни извори блиски до мадридскиот клуб, преговорите се заглавени бидејќи раководството на Реал Мадрид е незадоволно од барањата што ги постави Бразилецот.
Шпанските медиуми објавуваат дека тој побарал да биде најплатен играч на Реал или барем неговата плата да биде еднаква на онаа на Мбапе. Се шпекулира дека побарал годишна плата од 30 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

