Реал Мадрид успеа да ја совлада Валенсија со пресврт (2-1), и тоа со играч помалку. „Кралевите“ од 79. минута беа со фудбалер помалку поради неспортски потег на Винисиус Жуниор, кога од зад грб го удри во глава голманот на домаќините Столе Димитриевски.
Ден по натпреварот во Шпанија се шпекулира до кога Винисиус ќе мора да паузира, бидејќи според правилата на Ла Лига казната треба да биде многу строга. Имено, како што е наведено во дисциплинската регулатива, за ваков прекршок се предвидени суспензии од најмалку четири до најмногу 12 меча.
На фудбалерот на Реал не му помага ниту тоа што по исклучувањето за малку физички го нападна главниот судија Цезар Сото Гранде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА